
ШУПЕЛКА ќе прави бугарска партија во Македонија
Познатата бугарска шупелка Виктор Стојанов, самонаречен претседател на некаква си фондација “Македонија„ задолжен за провокации и создавање на нетрпеливост помеѓу Македонците и Бугарите, најави создавање на бугарска партија во Македонија.
Се завршил, само уште да го направел јадрото на партијата и да го претставел раководство. До сега со него низ Македонија и Бугарија се забележени поголеми шупелки од самиот Виктор, но и врвните бугарски политичари како Екатерина Захариева, Румен Радев и други бугарски актуелни министри. Нивната цел била Бугарите во Северџистан (се мисли на Македонија) да ја управувале државата.
Лицата од сликата, докажани борци за бугарските глупости на Балкан, се дел од новото раководство на партијата. Т.н. претседател на т.н. Фондација Македонија Виктор Стојанов изјави дека името на партијата ќе биде „Партија на Бугарите во Република Северна Македонија“.
Тој на фејзбук напиша низа глупости, но бугарските медиуми го пренесоа со брзина на светлина:
„ Со оглед на тоа што власта, бизнисите и службите во РС Македонија се во рацете на луѓе, кои наштетуваат на добрите односи со Бугарија, објавувам дека Фондација Македонија започнува процес на создавање на политичка партија на Бугарите во РС Македонија.
Во следните седмици останува да изградиме јадрото на партијата и да го претставиме раководството. Нашата цел – Бугарите во РС Македонија да управуваат со државата”.
Фондацијата на Стојанов е онаа која шири лажни вести во Бугарија за наводни уништувања на бугарски гробови по Македонија, на кои бугарските политичари се лепат како муви на *омно, и испраќаат протесни ноти до Македонија или даваат невидено зелени изјави, помеѓу кои и бугарскиот претседател, МНР и МО.