КРАЈ за Отворен Балкан, Рама до Вучиќ

Балкан

После консултации со премиерот на Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека Србија прави театарски маневри на северот на Косово. Провокациите на Курти се успешни, Вучиќ го покажа вистинскиот лик и тука нема простор за соработка.

„Нема сомнение дека на прво место, пред сѐ Србија мора да ја признае оваа неповратна реалност, и навистина е жално што наместо конкретен напредок во дијалогот кон меѓусебно признавање и конечно ослободување од минатото, денес сме сведоци на театарските маневри на српската војска на границата со суверената држава Косово“, рече Рама.

Според Рама, тоа што го покажа Србија со воените маневри всушност не ги штитат интересите на Србите во северно Косово, како што тврди официјалното белградско раководство, туку ги воскресна духовите на генерали на поразената српска армија на бојното поле, пред повеќе од 20 години, кои се чини дека дошле надвор од гробот тврдејќи дека го штитат интегритетот и безбедноста на српските граѓани на Косово.

За Албанија и Косово, акциите на Србите на север се театарски маневри, а во исто време Владата на Косово ја платила струјата за Србите на север. Тоа значи дека Косово го одржува реалниот живот, а Србија само лажен романтизам.

„Всушност, српските граѓани во Косово живеат без никаква закана, дури се вели дека владата на оваа земја ги платила сметките за електрична енергија, што никој не го прави никаде, не само на Балканот, туку и во светот“, рече Рама.

Повеќе од јасно е дека нема потреба од разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со ситуацијата на северот на Косово, бидејќи веќе се е јасно, Албанија е на страната на Приштина, што значи дека тука е крајот за Отворен Балкан.

Рама засрамен од политиките кои доведоа до поразот наречен „Отворениот Балкан“, смета дека сепак тоа треба да се направи.


Рама рече дека Косово е целосно во право во однос на реципроцитетот со Србија, но и дека дијалогот е единственото решение за ова прашање.