
Македонците посрамотени пред светот!
Македонија и македонскиот идентитет од секогаш биле познат бренд низ светот. Македоните слободно се претставувавме со крената глава, со јасно изразени ставови и позиции. Се до моментот кога поранешните премиер господин Никола Груевски и претседател господин Ѓорѓе Иванов не донесоа одлука да не антиквизираат, односно да не прогласат браќа на Хунзите од Пакистан. Од тој момент ние сме посрамотена нација, сите не земаат за потсмев и насекаде низ светот се движиме со наведната глава. Македонците и Хунзите сме биле ист народ. Тоа може да го помисли само луд човек.
Пред низа години македонските медиуми беа преполни со пораката „Хунзите се враќаат во татковината“! Тогашниот министер за надворешни работи, господин Антонио Милошоски на скопскиот аеродром со државни почести го пречеа Кралот на Хунзите од Пакистан. Тој Крал се вратил дома во Македонија, од каде неговите предци заминале. Голем срам за Македонија и понижување пред меѓународната заедница. Со тоа се изложивме на срамен потсмев.
Лудилото стигна до тој степен што претседателот Иванов најави изградба на кралска палата, но и хотели на земјиште што ќе им подари владата, во славното Паљурци. Госпоѓата Марина Дојчиновска беше назначена за претставник на кралското семејство на Хунзите.
Сите Македонци останаа збунети со темата која е прилично фасцинантна историја на Македонија – легендата вели дека Хунзите се Македонци или можеби ние сме Хунзи или сме роднини. После тоа во Македонија веќе не се знае што се случува. Балканските републики со потсмев започнаа да коментираат за одлуката на Македонија да подарува земјиште на кралското семејство за да се гради палата.
Соработниците на Груевски и Иванов во еден глас информираа „Овде сепак станува збор за една кралска фамилија, со сите обележја за едно кралско семејство со сопствена историја од уште малку еден век. Еден век наназад кралот Миргазанфар е наследник на кралско семејство што трае толку многу долго, скоро еден век. Така што, еве за среќа тие сами овој пат ќе си го изградат тоа што ќе имаат намера да го градат таму, без тоа да оптерети нечиј буџет, особено не буџетот на Република Македонија.“ Дури се отвори дискусија дека е оправдано дарување на градежното земјиште. Владините перјаници појаснуваа „Го подаруваме, затоа што тоа како симболика многу значи за целиот овој проект, кој како што знаете започна одамна, уште 2005, со нашиот прв контакт или комуникација, потоа сам по себе стана процес. Си се претвори самиот заради тежината на проектот Хунзи.“.
Од тој момент до денес, со овој несериозен и неодговорен однос кон својот македонски народ и обидот за негова асимилација од сопствена Влада и со сопствени пари, од Македонци да станеме Хунзи, сме засрамени во сите полемеки за нашиот македонски идентитет особено со соседите Бугари и Грци. Веќе тоа Хунза е причина за потсмев на тоа „јас сум Македонец“.
Приказната за тоа дека Богданци ќе стане кралска престолнина, а кралската резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци, на околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики, го обиколи светот и Македонија веќе е на потпсмев дека планира да промени уставно уредување и од република да стане монархија на чело со принц од Пакистан, на кого ќе му дадеме локална Македонка за жена. Македонците со главата по песок после овој срамен чин на полудени политичари. Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето го доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство. Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план.
Планот на психопатите замина до таму, да веќе беше договорено принцот Газафар Али Кан да пристигне во Македонија. Целокупното тогашно државно раководство се впушти во акција да ја најде македонската убавица која ќе го запознае својот принц на бел коњ од Паљурци и така ќе си живеат среќно и весело во Македонија. Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.
„Висока делегација предводена од принцот Газанфар Али Кан со титула Мир и принцезата Рани Атика од народот Хунзи, кои себеси се сметаат за Македонци и потомци на Александар Македонски, факт кој од колено на колено го пренесуваат 23 века, денеска ќе пристигнат во Македонија. Принципатот на Хунзите во моментов е во состав на Пакистан, некогашна Персија, а местото каде тие живеат, според историските податоци, била најисточната точка на кралството на Александар Македонски. Делегацијата, во која се и сестрата на принцот, но и нивен историчар, веднаш откако ќе пристигне во Македонија ќе биде примена од премиерот Никола Груевски, а подоцна и од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Во Скопје делегацијата ќе се задржи два дена, а потоа во организација на Македонскиот институт за стратегиски истражувања на чија покана и доаѓа во Македонија, ќе ги посети Охрид, Битола, Прилеп, Лазарополе, Вевчани, Гари… а ќе има можност на Петровден да присуствува и на познатата Галичка свадба.“ – известија од Владата, но не соопштија каде е невестата и дали принцот ќе го венчаа на Галичката свадба.
Македонците денес во 2021 години сеуште влечиме тешки последици од оваа срам, кој ни го нанесоа македонските политичари и сме предмет на потсмев на сите сериозни нации низ свет.