
НАТО ги исфрли на клоци Русите од Брисел
НАТО одлучи да протера осум дипломати осомничени за вмешаност во непријателски активности, објави телевизијата Скај њуз.
„НАТО одлучи да ја преполови мисијата на Русија во Алијансата како одговор на непријателски активности, вклучувајќи убиства и шпионажа. Осум дипломати, кои се сметаат за разузнавачки агенти, ќе бидат исфрлени на клоци“, напиша уредничката на британската телевизија Дебора Хејнс на Твитер.
Наместо 20 луѓе, руската мисија сега ќе брои 10 членови. Разузнавачите демек дипломати треба да заминат до крајот на октомври.
Да потсетиме, Алијансата веќе протера руски дипломати во 2018 година, реагирајќи на случајот со Скрипаj. Во тоа време, акредитацијата беше укината од осум членови на Мисијата, а на три им беше одбиено издавањето, така што Мисијата го намали бројот на соработници на 20.
Најдобро за НАТО и за слободниот свет е да ги избрка сите руски бандити од Брисел, се до демократизација на Русија и руското општество.