ЦAPOВСКА призна поддpшка на ceкcyaлно обpaзование
Миниctерката Цаpoваска во обид да демантира замешаност со скандалот на кампот каде се злоставувале деца, сепак призна поддршка за ceкcyално образование како пилот-фаза која се случува во четири училишта.
Според неа, на прашање како овој случај ќе влијае на процесот на сексуално образование и дали можеби ќе се појави недоверба кај родителите, министерката посочи дека од него се оградија и ХЕРА и Фондација „Отворено општество“, и Градот Скопје, што, како што рече, укажува на тоа дека никако тоа не е поврзано со сексуално образование.
Мила Царовска повторно збунета, дали зборува како портпарол на ХЕРА или како Министер за образование. Како е можно министер да си дозволи таква факторизација на една организација која е замешана во низа скандали во земјава?
-Таму искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат сексуалното образование засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, во тек е истражувањето за тоа какви се постигнувањата, ќе бидат јавно достапни постигнувањата и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет, изјави Царовска.