
ДОБРО УТРО од аматерката со Зоки мудриот
ЗОКИ мудриот
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Мудро решение на заевата влада за намалување на платите на административците и “метла” за неподобните. Тивко и мудро Зоки ќе крати од месечните примања на администрацијата. Не успеа да ги врати парите кај граѓаните, ама ќе се потруди да им скрати. Нема образ да излезе и јавно да каже дека ќе крати од плати и ќе намалува број на вработени, туку тоа го прави прикриено преку ново законско решение.
Акцентот свесно го става на погрешно место за да се избегне јавна дебата за реалната цел на донесување на законот. Итроманецот знае дека не е погодно време да се чуе за оваа намера. Знае дека баш пред избори негативно ќе влијае кај овие што планира да ги оштети. Па така со итроштина на јавноста им сервираат информации дека администратицијата ќе биде почестена со пократко работно време.
Ајде тој молчи, а зошто молчат и овие што глумат опозиција не ми е јасно! Секојдневно одржуваат пресови за небитни теми и замајуваат јавност, а демек за ова не знаат?! После пет годишна примена на постојниот Закон за административни службеници, предлагачите на новото законско решение при претходна анализа констатирале дека 1/3 од постојните членови не се спроведливи и дека тоа е доволна причина за донесување на нов Закон.
Ама кога ќе се анализираат внимателно и постојниот и сегашниот предлог се доаѓа до заклучок дека намерата е сосема поинаква. Освен јасно изрезената тенденција за намалување на месечните приходи, не останале “покуси” и со намерата за селективно намалување на бројот на административци. Така си предвиуваат одредби за божем скратено работно време и предвремено пензионирање на неподобните кои навршиле 55 години старост.
Предлагачите предвидуваат намалување на вкупните работни часови за 16 часа месечно, односно со тоа и намалување на платите. Предвидено е пократко да се работи во петок, 4 часа?! Зошто? Зоки пак сака „со еден куршум два зајаци„ па во негов добро познат стил ем ќе „скубне„ некој денар ем ќе се оддолжи некому и ем се си е согласно закон ќе рече, со рака на срце!
Дали предлогот скратено работно време во петоците да го разбереме како верска дискриминација или како добронамерен гест од страна на Зоки за вовед во престојниот викенд?! Па согласно закон ќе се воведе дво сменско работење во петоците па така, оние што треба да се молат ќе доаѓаат до 12:00 часот, а останатите од 12:00 до 16:00 часот?! А “метла” за неподобните на многу едноставен начин. Свесно, определено лице нема да биде распределено на соодветно место и ќе си го исчистиш!
Зоки, не ти кажале дека законските решенија се донесуваат со цел нивната имплементација да придонесе позитивни и ефективни решенија за општото добро? Сето ова ќе предизвика штета на граѓаните и општеството воопшто. Намалени плати – помала потрошувачка. Предвремени пензионирања – оптоварен пензиски фонд и повторно намалена потрошувачка. Ваквите законски решенија кои некаде и некому си ги ветил „под маса“, а за возврат си добил некој глас плус, ќе ти се „удрат од глава“, а исто и на тие што се спобратимиле со тебе, па го премолчуваат ова.