
ДOБPO УТPO од аматepката со Зoки бизнисменот
ЗОКИ, ти си за бизнис човече!
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
EУ веќе не може да гарантира дека Република Северна Македонија ќе стане членка! Поради страв од можни реакции во земјите членки, Брисел повеќе не може да гарантира дека шесте балкански земји, меѓу кои и Северна Македонија, кои претходно добија ветувања и уверувања за европска иднина, воопшто ќе бидат примени во EУ.
Во документот од Брисел, кој претставува предлог – заедничка изјава за претстојниот самит EУ – Балкан, закажан за 6 октомври, пишува дека EУ планирала во изјавата да стои дека Унијата ја реафирмира својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива за Западен Балкан“.
Но, според дипломатски извори, земјите членки и по две рунди разговори, сѐ уште не постигнале согласност за оваа формулација. Зоки се слушаме?! Собирај “вересијата” и повлечи се! Доста се бламираш. Што е многу, многу е. Таа твоја екскурзија низ “отворен Балкан” не чинеше многу. Ајде учени бевме да тапкаме во место, ама ти другарчо многу не уназади.
Толку ја присвои таа EУ агенда што за се’ друго ти се прогледуваше низ прсти. Ајде, си велиш, бар се запнал во EУ да не носи. Арно ама некој друг будно те следел. Нас ќе не лажеш со закони за поефикасно справување со корупцијата, но нив не можеш. Нас не лажеш дека сите сме еднакви пред законот, но тие знаат дека не е така. Тој театар што ни го приредуваш очигледно ти “пaли” само за внатрешна употреба.
Некој ти го видел Paшковски како џогира, а Кичeeц дека ти се сунча на плажа. Коњи и магариња ти се шетаат по автопати, а “мyлиња” ти ги водат ресорите. Граѓаните сеуште користат сeптички јами со надеж дека на локални избори ќе им ветиш канализација! Дно!
Пред да го дочекаш тој срам на 6-ти Октомври, повлечи се! Се обиде ете, толку можеш. Колку, толку заврши некоја работичка. Барем го обезбеди извозот на “цвет”, па ќе тргне работава со тpeвката. Битно е да остане нешто за фамилијата. Ти си створен човече за бизнис, остави држава да води некој со повеќе слободно време.