АМЕРИТЕ од НАТО се појавија на српска граница

Политика

Војниците на КФОР, пред се Американци се појавија во близина на административниот премин Јариње, каде што припадниците на специјалните единици на косовската полиција се стационирани веќе осум дена, пренесува Косово онлајн.

Тоа се американски, полски и канадски војници во рамките на мисијата на КФОР на Косово и Метохија, според порталот.

Хеликоптери на КФОР во два наврати во последниот час прелетаа над Јариње и Брњак, како и на северот на Косово и Метохија, јавува известувачот на РТС.

КФОР известува дека „внимателно ја следат ситуацијата на целото Косово и дека го зголемија бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и на северот“.

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата низ Косово и останува фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат – што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година – за да се обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово.

„КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и северно Косово“, велат од КФОР.

На границата е забележан и и воен авиот од српските воздухопловни сили со две ракети воздух-земја АГМ-65 Маверик.

https://t.me/intelslava/12561