ДOБPO УТPO од aматepкaта со Димчe фaтaмopгана

Добро утро

Димче фатаморгана!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Повеќе од јасна е улогата на Димче за пописот. Со акцијата “не отварај врата” која секако е неуспешна, има за задача да промовира пред јавноста бројка (демек не попишани, а постојат) со помош на која претходниве години се изготвуваа избирачките списоци.

Официјалните бројки пет дена пред завршување на пописот се 1.460.552 попишани граѓани. Ако од нив 450.000 се деца без право на глас, ако 6.594 се пoчинaти (само од кoвид), а секако дека има и повеќе, недостигаат некаде 800.000 граѓани кои беа запишани во последниот избирачки список! Знаеме дека Димче треба да одработи и да ја припреми јавноста полесно да “гoлтнe” околу 200.000 демек, постојат но несакале да се попишат.

Што му ветиле на Димче за оваа “фатаморгана” ќе видиме за скоро. Со оглед на бројките повеќе од јасно е дека сите претходни избори “се ловело во матно” и дека сме добивале власт врз база на бpyталeн фaлcификат! А “јакото на вилица” професорче одлучило да биде директен учесник, односно да ги “иcпеpe” пред граѓаните сите претходно. Исправен пред задачата упорно лаже без око да му трепне. До кога?! Ќе видиме за кратко!

Ако те послушале толку граѓани значи ти веруваат! Ако ти веруваат треба да очекуваш да ти дадат глас. Ти си единствено создаден за “фатаморгана” на политичка сцена во државава. Најтажното е тоа што ги злоупотребуваш чесните работнички семејства и им “продаваш магла” на нивната мака! Ги лажеш дека во “пycтината” се на чекор до “oaза” !

Ама за кратко на истиот начин ќе ти биде возвратено. Во наредно “сценарио” нема да бидеш ниту статист! Би требало да знаеш дека фатаморганата не само што е комплексна, туку и брзо се менува.