
СРПСКАТА војска влезе на Косово (видео)
Три хеликоптери на Војската на Србија го нарушија воздушниот простор на Косово и навлегоа длабоко на косовска територија, прелетувајќи зад т.н. административна граница во близина на преминот Јариње.
Тоа се хеликоптери Ми-35, попознати како летечки тврдини или како ѓаволски кочии, модерни хеликоптери од руско производство.
Тие прелетуваа над Јарње неколку минути, додека специјалните единици на косовската полиција само ги следеа.
Хеликоптерите Ми-35, поради нивната врвна изведба, во својата класа се сметаат за еден од најдобрите напаѓачки хеликоптери во светот, наменети за извршување борбени задачи во сите временски и метео услови.
Поради нивната голема огнена моќ и силен оклоп, на запад се нарекуваат летачки тенкови, а во Русија крокодили, пишува во описот на тие хеликоптери на веб-страницата српското на Министерство за одбрана.