
СКАНДАЛ: Душко фатен во медот, дали ќе го притворат
Денес ВМРО ДПМНЕ на своја пресконференција обелодени финансиска афера за кандидатот на СДСМ за општина Карпош и директор на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски.
МКДенес ќе го поедностави соопштението, за да биде појасно за граѓаните. Имено, на тендер се избираат приватни фирми да работат за ЈП Водовод и канализација, им се доделува рамкова спогодба и по потреба се повикуваат да изведат одредени работи. Тие се само квалификувани, а која од нив ќе работи се избира преку наддавање помеѓу квалификуваните фирми.
Директорот Весковски без никаква потапка на своја рака си одлучил реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Варшавска” во Карпош да ја прави фирмата КБК Инженеринг, без постапка за доделување на договор за тоа. Тие без договор и назаконски си започнуваат со работа на ден пред избори на 14-ти јули 2020-та година и реконструкцијата ја завршуваат во август 2020 година.
По свадба тапани, откако се завршило, директорот Весовски се сетил да прави незаконски постапка за да го покрие криминалот и да им додели договор на фирмата КБК Инженеринг. Таа постака за завршил постфестум дури на 6-ти октомври, а договорот е потпишан на 9-ти октомври помеѓу Водовод и КБК Инженеринг за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска”, која што веќе е завршена.
Така на фирмата и биле исплатени 18.041.646 денари или приближно 300.000 евра со ДДВ. Колку од нив завршиле во приватни џебови треба истрагата да покаже.
Во случајот нема прекршување само на процедура, туку и дирекно е оштетен буџетот на ЈП Водовод и Канализација зашто наместо реална лицитација на која ќе паднат цените, тие направиле фингирана лицитација со превисоки цени. За ова се лежи затвор повеќе од 10 години, со оглед на пресудите за министрите на Груевски.
Дали ОЈО ќе побара притвор за кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ и дали Судот ќе му додели, останува да видиме.