
БOMБA: OPБАН пaѓа, мoли кај Пaпaтa
Доаѓа крајот на владеењето на Виктор Opбaн со Унгapиja, онака како што беше планирано, со интервенција на Ватикан! Opбaн сигурно заминува, со молба до Папата да му остави простор за неговите политики.
Папата Франциск денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Opбaн во рамки на неговата кратка посета на Унгapиja. Како што пренесуваат странските агенции, тој директно од аеродромот отиде на средба со премиерот Opбaн и претседателот Јанош Адер.
Како што е наведено, за разлика од речиси секое друго негово патување, немаше телевизиски пренос во живо, ниту можности за фотографирање од страна на медиумите, што обично претходи и ги придружуваат таквите состаноци.
Ватикан соопшти дека средбата, на која покрај папата Франциск и Opбaн, присуствувале и кардиналот Петер Ердо и yнгapcките владици, траела околу 40 минути.
Унгapcкиот премиер на својот Фејсбук профил објави фотографија на која се ракува со Папата кој стои пред знамето на Унгapиja и Ватикан, со коментар: „Го замолив папата Франциск да не дозволи христијанска Унгapиja да исчезне“.
Папата Франциск, во обраќањето до христијанските и еврејските лидери за време на кратката посета на Унгapиja, предупреди на „заканата од антисемитизам“ во Европа и пошироко. Тоа е дирекно порака за Opбaн и неговите политики против Copос, кој е Евреин по потекло. Во Унгapиja се враќа неговото влијание.
Мислам на заканата од антисемитизам што се уште демне во Европа и на други места. Тоа е фитил што не смее да се остави да се запали. И најдобриот начин да се неутрализира е да работиме заедно, позитивно и да промовираме единство, рече тој.
Папата Франциск рано изутринава пристигна во Будимпешта за завршната миса на Меѓународниот евхаристиски конгрес.
Првично беше планиран за минатата година, но настанот беше одложен поради пандемијата на коронавирус.
Оваа година, поради очекуваниот висок интерес, властите ги олеснија рестриктивните мерки, така што од луѓето што сакаа да присуствуваат не се бара да покажат доказ за негативен тест за коронавирус или вакцинација.
Папата Франциск, по престојот во Унгapиja, ќе отпатува во посета на Словачка.
Ова е прво патување на Папата по операцијата на која беше подложен во јули, а на прашањето за неговото здравје тој рече дека се чувствува добро.