
СКАНДАЛ: Бугарски болшевички поп учесник во насилството на СФЦ во Црна Гора
Еден од најголемите современи бугарски научници и предавач на Софискиот Универзитет Климент Охридски, професорот Огнен Минчев упати жестока реакција поради присуство на бугарски митрополит на насилничките настани организирани од Српската фашистичка црква СФЦ врз мирниот православен црногорски народ во Цетиње, старата историска престолнина на Црна Гора.
Имено, митрополитот Гаврил Ловчански бил учесник на неканонското и нечесно наметнување на српски поп на тронот на Св. Петар Цетински, од страна на српската самонаречена православна црква. Со ова Бугарите покажаа полтронство под силата на српската доминација на Балканот, им дадоа легитимитет на нивните големосрпски планови, чиј главен спроведувач е токму т.н. српска црква.
Професорот Минчев дополнително прашува: Зошто бугарскиот измеќар влегол во сослужение со фашизо поповите на СФЦ? Тој констатира дека таа интронизација е исклучително противречит акт со кој се подели црногорското општество помеѓу борците за независноста на Црна Гора и оние измеќарите и вазали кон Србија. Бугарскиот поп застана на страната на вторите, на страна на српските вазали.
Дали знае Гаврил измеќарот какви односи налага помеѓу Бугарија и Црна Гора после присуството на тој срамен настан? – прашува Минчев. Тој додава дека ние знаеме дека тој т.н. владика е најпромосковскиот и болшевички поп во БПЦ, и дека со патувањето во Цетиње ги исполнил задачите од Кремељ. За жал со тој акт, тој владика дирекно ги поткопува бугарските национални интереси, констатира професорот.
Тој бара итно бугарскиот Синод да преземе мерки и да го осуди самоволието на рускиот измеќар т.н. митрополитот Гаврил Ловчански.