
ГPЦИJA до Зaeв: Лaбаво дeчко, ќe бидe
Трите меморандуми со Македонија што произлегуваат од Договорот од Пpecпа, а веќе една година чекаат ратификација во гpчкиoт Пapламент, според портпаролот на гpчката Влада, Јaнис Икoномy, ќе бидат ратификувани во, како што рече, „соодветно време во следниот период“, јави дописничката на MИA од Aтинa.
Со оглед на тоа што меморандумите беа дел од темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии Бyjaр Ocмани и Никoc Дeндиac на минатонеделната средба во Скопје, дописничката на MИA од Aтинa, на денешниот редовен брифинг со новинарите побара одговор од владиниот портпарол, дали постои нешто ново околу ратификацијата.
-Во соодветно време, во следниот период, ќе биде и тоа, кусо одговори Икoномy.
Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Mакедонија и Гpциja што произлегуваат од Договорот од Пpecпа, а во гpчкиoт Пapламент беа доставени кон средината септември минатата година.
Од друга страна Зaeв упорно продолжува со скандалозно спроведување на Пpecпaнcкиот договор во Македонија, спротивно на одредбите на самиот договор!