ЈАКИМОВСКИ самостоен кандидат, ВМРО оди со друг!

Политика

Некогашниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави дека повторно се одлучил да се кандидира за прв човек на оваа општина.

„Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори“, напиша Јакимовски на својот профил на Фејсбук.

Тој ќе оди како кандидат на ГРОМ, а кандидат на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпoш најверојатно ќе биде Оливер Зафировски, додека пак СДСМ го кандидираше Душко Весковски.