
ВУЧИЌ лидерот на Отворен Балкан во стилот на Милошевиќ
После денешното насилство на СПЦ врз црногорскиот народ, а особено смешаноста на државните институции на Србија во внатрешните работи на Црна Гора, се случи мал медиумиски дуел помеѓу црногорскиот и српскиот претседател Ѓукановиќ и Вучиќ.
Притоа на повиците на разум и воздржаност од страна на Ѓукановиќ, одговор на закани и повици за сесрпско дејствување дојдоа од Вучиќ. Буквално со истите реченици и истиот стил на Милошевиќ.
„Србија нема да премолчи на лошата положба на српскиот народ во Црна Гора!“ се зборовите на Вучиќ, лидерот на Отворен Балкан. Дали тој ова го зборува и во име на Македонија и Албанија со оглед да има договори со кои Отворен Балкан дејствува заеднички. Дали повторно воскреснува Милошевиќ и неговиот српски радикализам на Балканот?