Следува температурен шок во Македонија – еве ги деталите

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Од понеделник, 23 ноември, Македонија и Балканот би можеле да влезат во значително постуден период, со пад на температурите и појава на утрински мраз. Метеорологот Славчо Попоски во објава на Фејсбук посочи дека ова би можел да биде првиот посериозен студен бран во пресрет на зимата.

Според неговата првична прогноза, студениот воздух од север би донел заладување на почетокот на следната седмица, а постуденото време би се задржало и во деновите потоа. Најниските температури се очекуваат во утринските часови, кога на места би можеле да се спуштат под нулата.

Попоски најави дека во текот на викендот ќе има појасна слика за тоа колку ќе залади и ќе објави попрецизна прогноза за следната седмица.