Јазик ѝ се врза: Меланија Трамп исмеана на социјалните мрежи поради говор во Белата куќа
Првата дама на САД, Меланија Трамп, се најде на мета на потсмев и вирални коментари на социјалните мрежи по нејзиниот говор во Белата куќа, откако повторно привлече внимание поради нејзиниот препознатлив акцент и тешкотиите при изговорот на англискиот јазик.
Имено, за време на обраќањето, Меланија наиде на видлива препрека кога се обиде да го изговори англискиот збор за бор, односно pinecones (борски шишарки) или pine (бор), при што нејзиниот изговор предизвика лавина реакцији, потсмев и бројни видеа кои брзо се раширија на интернет.
Додека поддржувачите застанаа во нејзина одбрана истакнувајќи дека зборува неколку јазици, критичарите и корисниците на социјалните мрежи веднаш го искористија моментот за нови шеги на нејзина сметка.
