Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании
Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски.
Во фокусот биле можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање работни места. На средбата се разговарало и за инфраструктурни проекти и капитални вложувања, кои се меѓу приоритетите на Владата.
Николоски посочи дека Германија е важен партнер за привлекување нови инвестиции и за продлабочување на деловните врски.
Според него, Владата продолжува да работи на создавање стабилна и поволна деловна клима, со цел германските компании да ја препознаат Македонија како атрактивна дестинација за долгорочни вложувања.
