Жените овие обичаи треба да ги испочитуваат денес – и да се помолат на Мајката Божја која е нашата заштитничка

Дали Знаете, РЕЛИГИЈА

Голем празник за заштита на домот, мајките и децата – еве што треба да направи секоја жена!

Македонската православна црква и сите православни верници денес, на 14 октомври, го одбележуваат големиот празник Покров на Пресвета Богородица – ден посветен на Мајката Божја како вечна заштитничка, покровителка и молителка за целиот христијански род.

Во народната традиција овој ден се смета за исклучително важен „женски празник“. Според црковното предание и житијата, конкретниот настан се случил на 1 октомври 911 година (по стар стил), за време на владеењето на византискиот цар Лав Мудриот.

Во Цариград, во познатата црква „Влахерна“, се служело ноќно бдение бидејќи градот бил под опсада. Црквата била преполна со народ кој се молел за спасение. Во четвртиот час од ноќта, Свети Андреј Јуродивиот и неговиот ученик Епифаниј погледнале кон небото и ја виделе Пресвета Богородица како се појавува во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители и ангели.

Богородица коленичила, долго се молела со солзи за целиот свет, а потоа го симнала од својата глава омофорот (покривалото) и го раширила над сите присутни луѓе во црквата – давајќи знак дека под своите закрила и заштита ги зема сите што веруваат во неа и во нејзиниот Син.

Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција и меѓу православните верници, Пресвета Богородица се почитува како најголема заштитничка на жените, мајките, родилките и децата.

На овој ден се почитува обичајот жените да не вршат тешки физички и домашни работи (перење, копање, тешки чистења), туку денот да го поминат во духовен мир, молитва и сплотеност со семејството.