Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

Македонија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и лекување на пациентите.

Генералниот директор на компанијата, Бурим Љатифи, ја посети Клиниката, каде што раководството му додели благодарница за финансиската поддршка.

Според објавата на МЕПСО, донацијата треба да овозможи посоодветни услови за пациентите и поквалитетна грижа за време на нивното болничко лекување.

Од компанијата ја истакнуваат важноста на поддршката за здравствените установи и вложувањата во подобрување на здравствената заштита.