(ВИДЕО) Патниците со позитивни впечатоци: Градскиот воз доби пофалби за брзината и услугата
Брзината на патувањето и услугата се причините за задоволството на патниците кои го користат градскиот воз, според нивните одговори во видеото објавено на фејсбук-каналот „Да те прашам нешто“.
Во видеото, граѓаните одговараат на прашања за своето искуство со железничкиот превоз на релацијата Зелениково – Скопје, изразувајќи позитивни впечатоци од услугата и времето потребно да стигнат до својата дестинација.
Патувањето од Зелениково до Скопје и во обратната насока трае околу 25 минути, зависно од поаѓањето. Трасата ги опфаќа станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната станица е Железничката станица Скопје. Возниот ред е усогласен со распоредот на ЈСП Скопје, за поврзување на железничкиот со автобускиот превоз.
Проектот „Градски воз“ ќе опфаќа уште две делници. Втората е на релацијата Миладиновци – Илинден – Маџари – централна железничка станица, додека третата ја поврзува централната железничка станица со Скопје Север, Ѓорче и Волково.
