Приведен осомничен за убиството кај Смилковско Езеро

Македонија, Хроника

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Според првичните сознанија телевизијата, лицето било приведено како осомничен по истрагата отворена за крвавиот злостор.

Телото на застреланиот беше најдено од случаен минувач во 6:15 часот во сабота рано наутро, а според снимки преземени од безбедносни и камери на „Безбеден град“, кон локацијата каде е застрелан бил неколку минути пред 5 часот.

Телефонот на убиениот бил најден во автомобилот, а тој бил ранет во нога, во артерија при што настапило обилно крварење и не успеал да повика помош за да се спаси.