ВЛЕН: Изборот на Јустина Широка-Пула носи нов почеток за Косово

Македонија

Косово покажа дека демократијата, политичкиот дијалог и почитувањето на институциите се патот за надминување и на најсложените политички ситуации, порача ВЛЕН.

Од партијата го поздравуваат изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка на Косово, оценувајќи дека со тоа се става крај на институционалниот застој и се отвора патот кон целосно функционирање на институциите на Република Косово.

Од ВЛЕН ѝ посакаа успех на новата претседателка во извршувањето на функцијата, изразувајќи уверување дека нејзиното искуство во политиката, образованието и науката ќе придонесе за зајакнување на институцијата претседател и стабилноста на земјата.

Партијата воедно го поздравува и политичкиот консензус за усвојување во второ читање на измените на Законот за Специјализираните совети.

„Овој политички договор покажува дека преку дијалог и подготвеност за компромис можат да се најдат решенија и за најчувствителните прашања“, наведуваат од ВЛЕН.

Од партијата оценуваат дека сега е време институциите да функционираат, политиката да биде насочена кон граѓаните, а Косово да продолжи напред со стабилност, одговорност и демократија.