Бара маж што во креветот трае еден час – сопругата на починатиот пејач направи хаос на Инстаграм
Даниела Дворник во 59-тата година се сликаше во бикини, а коментарот за креветот ги изненади сите сите!
Кога ќе се соблече никого не остава рамнодушен!
Вдовицата на легендарниот Дино Дворник повторно ги запали социјалните мрежи. На 59 години изгледа подобро од кога било, а со еден брутален коментар за мажите ги насмеа сите жени на Балканот!
Даниела Дворник повторно привлече огромно внимание кај јавноста откако на своите профили на социјалните мрежи сподели топла, предизвикувачка фотографија на која позира на плажа.
Позирајќи на лежалка во елегантен темен едноделен капечки костум, Даниела ја покажа својата беспрекорна линија и бронзениот тен, докажувајќи дека годините за неа се само обична бројка. Со препознатливата насмевка, очилата за сонце и силниот кармин на усните, како и со својата убава руса коса, таа објави и селфи одблиску кое ги воодушеви нејзините илјадници следбеници.
Како музичка подлога на објавата, Даниела го постави познатиот стих „Јас сум специјално издание“, дополнително истакнувајќи ја својата висока самодоверба.
Одговорот на Даниела што стана хит!
Откако се пресели на островот Брач, каде што купи куќа и целосно се посвети на уредувањето на имотот, Даниела е исклучително активна на социјалните мрежи каде што редовно комуницира со фановите.
Покрај бројните комплименти за нејзиниот изглед и неверојатна енергија во шестата деценија од животот, под нејзините објави се разви интересна дискусија. Една нејзина следбеничка во коментари напиша:
„Ми треба маж што ќе трае барем еден час во кревет!“
На ова, вдовицата на кралот на динамо-фанкот реагираше со својот препознатлив хумор и кратко и одговори:
„Е кога ќе го најдете таквиот, ве молам проследете го и кај мене!“
Овој нејзин хит-одговор предизвика лавина од лајкови и реакции во коментарите од стотици жени кои веднаш се согласија со нејзиниот духовит став.
