ПОМАЛКУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – Стопанската комора подготвува законски предлог?!
Стопанската комора на Македонија отвора иницијатива за преиспитување на сегашниот систем на празници и неработни денови. На денешната прес-конференција треба да бидат презентирани економските ефекти од постојниот календар, како и предлог за измени на Законот за празниците.
Од Комората оценуваат дека распоредот и бројот на денови кога не се работи имаат директно влијание врз продуктивноста, организацијата на компаниите и целокупната економска активност. Засега нема конечен законски модел, па допрва треба да се види кои конкретни празници или правила би биле опфатени со предложените промени.
