Општина Битола ја обновува механизацијата на „Нискоградба“
Дека се купи нова машина е вест, но уште поголема вест и за пофалба е тоа што сегашното раководство купи нова машина, што не било случај во изминатите 15 години, беше кажано на денешната промоција на новата машина.
Во присуство на претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорите на другите јавни претпријатија, директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски кажа дека и покрај тешката енергетска криза, претпријатието вложува во осовременување на возниот парк.
Како што рече, после 15 години набавена е нова градежна машина „HIDROMEK“ и променети се две надградби на товарни „RENO Master“ возила со вкупна вредност од околу 6.000.000 денари.
Како 100-ти купувач на „HIDROMEK“, „Нискоградба“ доби подарок машина за миење на возила од фирмата „СИНПЕКС“.
Со новата машина ќе биде зголемена и ефикасноста во работењето, а со подарокот зголемување на хигиената на механизацијата.
