Контејнери за кабаст отпад од денеска на пет локации во Гази Баба – еве каде
Жителите на Општина Гази Баба од денеска имаат можност кабастиот отпад да го одлагаат во специјално поставени контејнери на повеќе локации во Ченто и Инџиково. Во периодот од 28 септември до 4 октомври 2026 година, контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на вкупно пет локации.
Во Ченто, контејнери ќе има кај ресторанот „Ханибал“, црквата „Св. Лидија“ и Авто сервис – Коп. Во Инџиково, тие ќе бидат поставени кај спортскиот терен „Горан Стојменовиќ“ и кај стадионот. Од ЈКП „Гази Баба 2007“ апелираат граѓаните кабастиот отпад да го одлагаат навремено и исклучиво во поставените контејнери.
Од претпријатието посочуваат дека со правилното одлагање на отпадот граѓаните придонесуваат за почиста, поуредна и поздрава животна средина.
