Браво! Бајрам заѕвони на победничкото ѕвонче на Детската клиника – дотеран во костум, со брат му за рака

Дали Знаете, Живот, Македонија

„Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот херој Бајрам храбро ја помина и ја освои тешката битка“, пишува во објавата од Клиниката за детски болести.

Од Клиниката за детски болести Скопје објавија ново видео за уште една убава приказна.

Малиот Барјам, држејќи се за рака со брат му, дотерани во исти костуми, помина низ ходникот на Клиниката, каде што беше испратен со аплауз, и музика од труба.

Во видеото се гледа како неговиот брат му помага да се качи на скалите за да стигне до ѕвончето. Потоа, тој ѕвони на победничкото ѕвонче, како знак дека ја победил болеста.

„Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот херој Бајрам храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Бајрам му посакуваме многу здравје и среќен живот – полн со радост и успеси“, стои во пораката на Фејсбук.