Зеленски: Мораме да ја завршиме војната со Русија пред зимата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изрази надеж дека војната против Русија наскоро ќе заврши и дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе помогне тоа да се оствари.
Обраќајќи им се на медиумите по средбата со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Зеленски рече дека војната мора да заврши што е можно поскоро – „по можност пред зимата“ – пренесува „Укринформ“.
Тој исто така му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законската регулатива што овозможува воведување значително построги санкции против Русија.
По средбата со Зеленски, Трамп изјави дека верува оти Русија и Украина наскоро ќе постигнат договор.
„Мислам дека нешто ќе се случи“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање дали Украина ќе мора да направи некакви отстапки за да заврши војната.
Трамп истакна дека Украинците се „многу способен народ“ со „многу способно раководство“, алудирајќи на Зеленски, кој седеше до него.
Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за средба и разговори за завршување на војната во Украина.
