Голем скандал – пејачката Тања Царовска со сериозни обвинувања за сексуално вознемирување

Сцена, Хроника

Пејачката Тања Царовска со сериозно обвинувања за Бобан од Авалон – со демант и најава за тужба за клевета се огласи адвокатската канцеларија на Милошески

Тања Царовска со тешки обвинувања за првиот човек на „Авалон“, социјалните мрежи зовриваат!

Вистинска бура од реакции на социјалните мрежи предизвика видео-обраќањето на нашата позната пејачка, композиторка и текстописец со меѓународна кариера, Тања Царовска.

Тања во ова свое обраќање на социјалните мрежи изнесе сериозни тврдења и обвинувања за сексуално вознемирување кон првиот човек на „Авалон продукција“, Бобан Милошески.

Како што тврди самата пејачка во видеото што брзо се рашири на социјалните мрежи, инцидентот наводно се случил пред неколку години, по роденденска прослава кај нивната колешка Кристина Арнаудова. Царовска раскажува дека по забавата се понудила со автомобил да го однесе првиот човек на Авалон, Милошески, до неговиот дом, но во еден момент тој побарал да застанат, по што, според нејзините зборови, физички ѝ се нафрлил во возилото.

Според тврдењата на Царовска, претходно разговарале тој да ѝ организира концерт, а за време на наводниот напад, Милошески ѝ рекол:

„Ти мори што мислиш, јас да не добијам ништо од тоа што тебе ќе ти организирам концерт“, вели Царовска во видеото.