Еве колкава ќе ви биде пензијата по зголемувањето, ако сега примате 20.000 денари
Септември и октомври носат клучни новости за македонските пензионери и за сите граѓани кои се пред заминување во заслужена пензија. Од новата пресметка за усогласување на месечните примања, преку споредбите за растот на пензиите, па сè до новиот законски предлог со кој ќе се овозможи откуп на стаж – еве ги сите детали на едно место.
По периодот на линеарни покачувања, новата исплата што пензионерите ќе ја добијат на 1 октомври се враќа на законската процентуална методологија. Според најавите од министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, по сумирањето на параметрите за инфлацијата и растот на платите, септемвриските пензии ќе пораснат меѓу 3 и 3,5 проценти.
За разлика од линеарното покачување, процентуалното усогласување значи различен износ во денари за секоја пензија.
Па така, доколку конечниот процент биде 3%, еве колку денари плус ќе добијат пензионерите:
Пензија од 20.000 денари – покачување од 600 денари
Пензија од 25.000 денари – покачување од 750 денари
Пензија од 30.000 денари – покачување од 900 денари
Пензија од 40.000 денари – покачување од 1.200 денари
Пензија од 50.000 денари – покачување од 1.500 денари
