Командатите на УЧК обвинети за воени злосторства утре ќе ја чујат пресудата на Хаг
По повеќе од три години судење, утре во Хаг треба да биде изречена првостепената пресуда за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, поранешни високи команданти на УЧК. Четворицата се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, меѓу кои убиства, тортура, прогон, незаконско затворање и присилни исчезнувања. Во процесот сведочеа 134 лица, а беа разгледувани илјадници доказни материјали.
Пресудата во Косово се очекува со големо внимание. Во Приштина деновиве се одржуваа протести и собири за поддршка на четворицата обвинети, а во пресрет на одлуката се зголемени стравувањата од политички и меѓуетнички тензии.
Пресудата во Хаг ќе биде јавно изречена утре во 10 часот и ќе може да се следи во живо преку каналите на Специјализираните совети за Косово.
Тачи, Весели, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од 2020 година. Утрешната пресуда ќе биде првостепена, и странките имаат право на жалба.
Случувањата во Косово се следат внимателно и во Македонија. Засега нема информации за конкретна закана или нарушување на безбедноста како директна последица од пресудата.
