Коњановски: Битола ја продолжува традицијата на промоција на локалното пчеларство

Македонија

На плоштадот „Магнолија“ во Битола денеска и утре се одржува манифестацијата „Запознај го локалниот пчелар“, посветена на промоцијата на пчеларството и локалните производители.

Манифестацијата нуди можност граѓаните да се запознаат со работата на битолските пчелари, како и да дегустираат мед и други пчелни производи. На настанот учествуваат и гости од други пчеларски здруженија.

Пчеларите денеска ги посети и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој се запозна со нивната работа и со предизвиците со кои се соочуваат.

 

Ова е трета година по ред како се организира манифестацијата, со поддршка од Општина Битола. Од пчеларското здружение „Мариовско Пелагониски Пчелари“ посочуваат дека целта е настанот да прерасне во традиција и секоја година да ја промовира улогата и значењето на пчеларството во Битола и регионот.