ФОТО: Роден предвреме со 1.200 грама, Матео се врати на интензивна нега да го прослави 1 роденден со тимот од ГАК кој бдеел над него
На Одделот за интензивна нега и терапија при Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство имале посебна причина за славење.
Малиот Матео, кој пред една година го започна животот како голем борец, се врати каде што започна сè за да го прослави својот прв роденден со тимот кој бдееше над него.
-Матео се роди прерано, во 28-та гестациска недела, со тежина од само 1.200 грама. Првите месеци ги помина во инкубатор на ОИНТ, каде секој ден беше борба за секој здив, а медицинскиот персонал му беше втора фамилија и најголема поддршка. Денес, Матео е силно, здраво и насмеено момче. Неговото доаѓање со роденденска торта донесе прегратки, емоции и солзи радосници кај целиот тим. За персоналот, да го видат Матео како сигурно чекори низ животот е најголемата награда за сите непроспиени ноќи, а за сите нас – потсетник дека најмалите борци носат најголеми победи, објавија од ГАК.
На Матео, кој го нарекоа мал херој му посакаа среќен 1 роденден.
