СДСМ: Во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук за проблемите на лозарите
„Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци“, велат од СДСМ.
Според партијата, објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест.
„Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите. За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници. Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување.
на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.
Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук.
Ова се истите методи на Вучиќ во Србија. Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ“, стои во соопштението од СДСМ.
„Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци“, велат од СДСМ.
