Силно невреме во Струмица, ветрот корнел дрвја низ градот (ВИДЕО)
Невреме со налети на силен ветер и пороен дожд попладнево ја зафати Струмица, а според објавите на жителите на социјалните мрежи, низ градот има откорнати дрвја и однесени покриви.
Според УХМР, слични временски услови попладнево и вечерва се очекуваат локално во повеќе делови од државата, а можно е да има и грмежи и врнежи од град.
