Зеленски ѝ се закани на Русија: „Секој што лета за Москва и Санкт Петербург е во сериозна опасност“
Украинскиот претседател Володомир Зеленски е во критична ситуација кога политичките конкуренти дома му бараат избори, регрутацијата не се реализира според потребите, САД не испорачува ново оружје, бара оданпред да му ги платат 90-те милијарди од ЕУ за оружје и одржување на државната админситрација – и ништо од тоа не доаѓа, објави „Киев индепендент“.
Ситуација кога се соочува со корупција во државниот врв и кај негови најблиски соработници, кога на фронтот губи најмалку едно до две населени места дневно и се очекува напуштање на цивилите на двата клучни града во Доњецк, на Славјанск и Краматорск, создава нервоза и барање “за промена на ситуацијата“ по секоја цена.
Таа промена Зеленски ја најави со напади врз летечките објекти, товарни и цивилни авиони над Русија што, секако, ќе произведе уште помасовни напади врз украинските градови.
Зеленски во понеделник вечерта ги предупреди авиокомпаниите, осигурителите компании и странските влади дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“ поради украинските дронови.
Украина, како што изјави во објава на Телеграм, не ја загрозува цивилната авијација, но превозниците што летаат до Москва, Санкт Петербург или други големи воздушни центри мора да го земат предвид ризикот од дронови во рускиот воздушен простор.
„Денес сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурители и сите што сè уште ги користат клучните руски аеродроми – руското небо станува апсолутно опасно. Иако руските власти не го пријавуваат тоа како што треба, руското небо де факто ќе биде затворено“, рече тој.
Зеленски рече дека оваа ситуација е предизвикана од самата Русија со војната што ја води против Украина.
Нападите со беспилотни летала врз руските градови, вклучувајќи ја и Москва, неодамна станаа речиси вообичаени и честопати доведуваат до привремено затворање на аеродромите.
Иако руската престолнина е добро заштитена од воздушни закани, украинските власти претходно истакнаа дека нарушувањето на воздушниот сообраќај е стратешки начин за приближување на војната на Кремљ против Украина до руското население., пишува „Киев индепендент“.
