Црвено светло за демографијата: Македонија останува без ученици – следната година најмалку 3.000 првачиња помалку

Дали Знаете, Македонија

Министерката за образование Весна Јаневска предупредува на дополнително намалување на бројот на ученици во основното образование. Според неа, во учебната 2026/27 година во прво одделение ќе се запишат најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година.

Јаневска посочи дека во моментов разликата е околу 4.900 првачиња, но очекува бројот да се намали поради дополнителните уписи што ќе следуваат. Сепак, конечната бројка, според неа, ќе биде најмалку 3.000 првачиња помалку од лани.

Министерката оцени дека трендот на намалување на бројот на ученици во основното образование е загрижувачки.