Рускиот амбасадор Дмитриј Зиков во посета на „Свети Наум“ – на МПЦ-ОА ѝ подари 49 тома од Православната енциклопедија

Македонија, РЕЛИГИЈА

Рускиот амбасадор во Македонија, Дмитриј Зиков, на 4 август го посети манастирот „Свети Наум“ на брегот на Охридското Езеро, каде што се сретна со митрополитот дебарско-кичевски Георгиј.

За посетата информираше Амбасадата на Руската Федерација во Скопје преку објава на Фејсбук, придружена со фотографија од средбата.

Според информацијата, Зиков на свештенството на Македонската православна црква – Охридска архиепископија му предал подарок од Балканскиот кабинет на Московската теолошка академија – комплет од 49 тома од „Православната енциклопедија“.

„Шефот на руската дипломатска мисија им подари на свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија 49 тома од Православната енциклопедија како подарок од Балканскиот кабинет на Московската теолошка академија. Посетата уште еднаш ја потврди силата на духовните врски што ги поврзуваат црквите и народите на нашите земји“, се наведува во објавата на руската амбасада.

Посетата е еден од најновите јавни контакти меѓу претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и рускиот дипломатски претставник во земјава.