Две возила утрово опожарени на „Џон Кенеди“ – граѓаните во паника (ВИДЕО)

СКОПЈЕ, Хроника

Две возила изгореле во пожар што утринава, околу 4 часот, избувнал на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. На местото интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, кои успеале да го изгаснат пожарот.

Според досегашните информации, нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Видеото може да го проследите на овој линк.