ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

Македонија

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

Со ова, спортските клубови и рекреативците ќе имаат можност непречено да ги користат терените и во вечерните часови, што ќе придонесе за подобри услови за одржување на тренинзите и спортските активности.

Од јавното претпријатие упатуваат апел до сите корисници да се однесуваат совесно и одговорно кон спортскиот објект, особено во однос на одржувањето на хигиената и правилното исфрлање на отпадоците.

„Комуналец“ потенцира дека грижата за јавните спортски содржини е заедничка одговорност и повикува на нивно зачувување и уредно користење во интерес на сите граѓани.