Само девет психијатри лекуваат 300 пациенти, а двајца болничари се грижат за 41 опасен пациент!

Дали Знаете, Македонија

Екипата на „Фокус“ успеа да влезе во установата каде што во моментов има 298 лежечки пациенти.

Услови под секое човечко достоинство, прозорци без стакла, руинирани простории, насилство што тешко се превенира поради недостигот од персонал.

Живот во хорор и мизерија, пациенти заборавени и од своите најблиски, а како што знаат да кажат дел од вработените, заборавени и од Господ.

Некои се таму и по 40 години. Тоа што е уште пострашно е што болницата располага само со 9 психијатри на околу 300 пациенти, а во судскиот оддел, еден болничар и еден техничар се справуваат со 41 опасен пациент.

Сè на сè, животот и на пациентите и на вработените е загрозен.