И новата шема на Бихачка не функционира: Ги вратија коментарите на Фејсбук за да ги бришат
Новата шема на Бихаќка во која СДСМ ги врати коментарите на Фејсбук не функционира според очекувањето затоа што сега партијата почна да брише коментари што не и се допаѓаат.
Партијата најави дека ќе брише ботови и говор на омраза за прв да настрада реален лик кој поставува обично легитимно прашање.
Дека постот на Александар Миланов е избришан се гледа од друго прашање кое се уште стои на објавата со која СДСМ најави дека по забраната повторно ќе дозволи коментари од граѓаните.
,,Пошто враќате коментари, вратите го и коментарот од Александар Миланов кој што ви пиша името да го вратите и ви собра појќе лајкоој него ли гласоој на избори што имате 😅”, пишува извесен Иван Савески.
Миланов се чуди зошто СДСМ го блокирале неговиот коментар само 7 минути откако пак дозволи комантари.
