УХМР утрово објави метео предупредување – еве во кои делови од Македонија ќе биде најкритично
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР )за денеска издаде метео аларм поради најавен засилен ветер.
Според информациите, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одредени места повремено ќе преминува во силен и ќе достигнува брзина над 70 километри на час.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат препораките за заштита при силен ветер.
Според мапата што ја објавија, во жолто е обоена речиси половина од територијата на државата.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.
