Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница.

Тој вели дека предметите каде нема кривично дело и докази, треба да се затворат.

„Таму каде што нема кривично дело и нема докази, предметите треба да се затворат. Таму каде што има дело и докази, треба да се формира случај и да се предаде до судот“, рече премиерот.

 

Мицкоски изрази очекување новиот државен јавен обвинител да ја извршува функцијата независно и професионално, со јасен фокус на владеењето на правото.

Извор: ТВ21