Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот чувар на тие идеали“, порача Милошоски.

Тој посочи дека со положување свежо цвеќе им се оддава почит на Христо, Дамјан, Петар, Иван, Антон и Христо Б., кои, како што наведе, се бореле за слободна и самостојна Македонија.

Милошоски истакна дека празникот е потсетник за обврската да се чуваат спомените, да се почитуваат жртвите и одговорно да се придонесува кон иднината на државата. „Почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и верба во иднината. Да живее Македонија“, порача тој.