Зимската служба на терен во Битола, улиците се расчистуваат од рано утрово
Механизацијата на јавното претпријатие „Нискоградба“ од утрово ги расчистува улиците низ градот по врнежите од снег кои започнаа рано утрово.
На терен е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорите на „Нискоградба“ и на „Комуналец“ кој врши увид во интервенциите со цел оспособување на улиците и пешачките патеки за нормално движење.
Како што информира директорот Зоран Талевски камиони-посипувачи излегле на терен во 3:30 часот, за улиците употребени се 12 тони сол и 8 метри кубни ризла до утрово до 7:00 часот.
Се чисти според приоритетот и како што вели Талевски виталните сообраќајници се оспособени за нормално одвивање на сообраќајот, како и пристапите до јавните институции.
Екипите продолжуваат со чистење во текот на целиот ден во оспособување и на улиците од втор и трет прироритет и патиштата до населените места.
Апелираат да не се фрла снег на коловозот.
Инаку деновиве беше промовирана апликацијата „Битола-Зимска служба“ на која во реално време може да се следи работата, односно која машина каде интервенира, на која улица, пат или населено место.
