Ана Бекута среде сцена повика полиција и го прекина концертот – познати причините за фијаското на фолк-пејачката во Чачак (видео)
Граѓаните на Чачак за време на прославата на Српската Нова година јавно и гласно реагираа против, како што го нарекоа, „безмилосното и непотребно трошење“ на речиси 40.000 евра од градскиот буџет за концертот на локално Културно-уметничко друштво и на пејачката Ана Бекута на градскиот плоштад, пренесуваат српските медиуми.
Според наводите, дел од присутните не дошле да го следат музичкиот настан, туку свесно да го искажат својот револт поради одлуката јавни средства да се издвојат за естраден настап, во момент кога градот се соочувал со сериозни проблеми со снежните врнежи, нерасчистени улици и отежнато функционирање на комуналните служби.
Протестот кулминирал за време на концертот, кога граѓаните почнале да свират, да негодуваат и гласно да го изразуваат своето несогласување со ваквото трошење на народни пари. Во таа атмосфера, настапот бил прекинат, а Ана Бекута побарала интервенција од полицијата и ја напуштила сцената пред завршувањето на концертот.
Српските портали наведуваат дека пораката на демонстрантите не била насочена лично кон пејачката, туку кон локалната власт и нејзините приоритети при управувањето со градскиот буџет. Дел од граѓаните истакнале дека културата не е спорна, но дека во вакви услови средствата требало да бидат насочени кон решавање на итните проблеми на граѓаните.
Настанот отвори поширока јавна дебата во Србија за тоа како и за што се трошат парите од локалните буџети, како и за правото на граѓаните мирно и јавно да реагираат кога сметаат дека јавниот интерес е загрозен, пренесуваат српските медиуми.
View this post on Instagram
