ЈАЈЦАТА НИКОГАШ ПОЛЕСНИ: Од денеска значително поевтинување, познати цените за една табла од 30 јајца?!

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

По неколку месеци вртоглави цени кои го празнеа џебот на македонскиот потрошувач, од денес јајцата во маркетите се продаваат по значително пониски цени. Вредноста е вратена на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година, кога цените пораснаа за рекордни 30 проценти.

Во дел од поголемите маркети, цената за една табла од 30 јајца е намалена за 60 до 80 денари, што претставува сериозно олеснување за семејниот буџет. Добавувачите најавуваат дека овој бран на ревидирање на цените ќе продолжи и во наредните денови кај сите трговци на мало.